Дома Фудбал Останато Како Тотенхем од финалист во ЛШ стана тим кој може да прими 10 гола во два натпревари

Како Тотенхем од финалист во ЛШ стана тим кој може да прими 10 гола во два натпревари

Aко на почетоот на мај на некој љубител на фудбалот, посебно на ако тој е навивач на Тотенхем му кажевте дека Тотенхем може да прими десет гола во два натпревари веројатно би ви кажал дека сте луди.

Тотенхем тогаш изгледаше одлично и со победа во драматичниот натпревар против Ајакс се пласираше во финалето на ова натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа неколку месеци подоцна се случи она што го споменавм во првата реченица. Тотенхем прво изгуби од Баерн на свој терен со 2:7, а неколку дена подоцна на гости од Брајтон беа поразени со 3:0.

Како Тотенхем се доведе во таква ситуација?! Пред две години луѓето од овој клуб најавија дека стартуваат со изградба на нов стадион и дека во сезоната 2018/2019 натпреварите ќе ги играат на „Вембли“.

Поради тоа Спарсите во минатата сезона не доведоа ниту едно засилување, но тоа не се одрази на тимот кој изненадувачки играше добро и во првенството и во Лигата на шампионите.

Од Хари Кејн се очекуваше добра сезона која на крајот и ја имаше. Тој во 40 натпревари постигна 24 гола. Бројката можеше да биде и поголема ако не се повредеше прв пат во јануари, а потоа и во април, поради тие повред пропушти 17 натпревари.

Тука беа и други играчи кои се истакнаа. Кореецот Хеунг-Мин Сон постигна 20 голови и запиша 10 асистенции.

Исто така Данецот Кристијан Ериксен играше одлично и 10 пати се запиша во листата на стрелци и уште 17 пати асистираше.

Се изгледаше одлично за Спарсите иако во завршницата малку паднаа, сепак се изборија за место во најелитното европско натпреварување и оваа сезона. Тогаш дојде летото и започнаа првите проблеми.

После одличните настапи на Ериксен многу големи клубови покажаа интерес да го доведат, а Реал Мадрид се наоѓаше на врвот на листата. Клубот од Мадрид силно сакаше да го доведе Данецот. Откако клубот од Лондон постави цена од дури 150 милиони евра, Реал се откажа. Подоцна во Тотенхем се премислија и го понудија за „само“ 70 милиони евра, меѓутоа во Реал повеќе не беа заинтересирани.

Тренерот на Спарсите, Маурисио Покетино знаеше дека со истиот тим нема да може да го повтори успехот од минатата сезона и бараше засилувања. Се пишуваше дека има листа од четири имиња. Тангу Ндомбеле, Рајан Сесењон, Николо Заниоло и Дони Ван Де Бек, на крајот во Лондон пристигнаа првите двајца. Покрај нив стигна уште Ло Селсо.

Сепак, атмосферата во тимот не беше добро. Проблем правеше Ериксен кој беше бесен затоа што клубот не го пушти во Реал. Покрај него, исто така и Вертонген не сакаше да го продолжи договорот, а херојот од Лигата на шампионите Лукас Моура не беше среќен со минутажата.

За работата да биде уште полоша за Покетино двајца нови играчи се повредија на стартот. Ло Селсо одигра само три натпревари, додека Сесењон се уште не дебитирал.

Играчите кои играа одлично минатата година, оваа сезона играат многу послабо па така незадоволниот Ериксен во 11 натпревари постигна само еден гол и имаше една асистенција, Сон исто така не е на нивото од минатата сезона.

Деле Али можеби е најлош во ова прашање. Играчот кој минатата сезона одигра 38 натпревари оваа сезона е целосно надвор од форма и настапи само на четири натпревари и тоа само на еден во Премиер лигата.

Хари Кејн е единствен кој малку се истакнува од сивилото на останатите и на 11 натпревари постигна седум гола.

Поради сето ова Тотенхем од тим кој играше одлично и беше финалист во ЛШ оваа сезона е тим кој после осум кола се наоѓа на 9-тата позиција во Премиер лигата и веќе зад водечкиот Ливерпул заостанува 13 бодови, додека во Лигата на шампионите доживеа дебакл од Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …