Дома Фудбал Останато Клоп после финалето во Лигата на шампионите добил телефон, а на другата страна бил Гвардиола

Клоп после финалето во Лигата на шампионите добил телефон, а на другата страна бил Гвардиола

Ливерпул на почетокот на јуни ја освои Лигата на шампионите победувајќи го Тотенхем со 2:0, а стрелци беа Мохамед Салах и Дивок Ориги.

Сега Јирген Клоп откри дека Пеп Гвардиола бил еден од првите кои му честитале на големиот успех.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека уште бил во соблекувалната на „Ванда Метрополитано“ физиотерапевтот на Ливерпул, Ли Нобес му го дал телефонот на Клоп, а на другата страна бил Пеп Гвардиола.

„Имаше многу почит. Не знам кој кого побарал, но Ли работеше со Гвардиола во Сити. Беше тоа убав момент. Зборувавме за добрата сезона која ја имавме, малку се шегувавме. Двајцата бевме добро расположени“, откри Клоп.

Клоп и Гвардиола денес во новата сезона за прв пат ќе ги одмерат силите во натпреварот во Комјунити Шилд на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…