Maсимилијано Алегри ги прогнозираше шансите на Јувентус за наредната сезона. Дали претера?
Јувентус оваа сезона ја освои новата титула во Италија, „старата дама“ немаше вистинска конкуренција и стигна од осмото Скудето во низа. Масимилијано Алегри и покрај тоа што ја одбрани титулата заработи отказ поради слабото издание во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Јувентус во најелитното европско натпреварување беше елиминирана во четвртфиналето од Ајакс, а покрај „старата дама“ не го освои ниту Купот каде што Аталанта ги победи со 3:0.
Алегри наредната сезона нема да биде во Јувентус, а после вчерашниот последен натпревар во Серија А за оваа сезона во кој црно-белите изгубија од Сампдорија (2:0) Алегри ги прогнозираше шансите на Јувентус за селдната сезона.
„Јувентус има има 80% шанси да ја освои титулата и наредната сезона, но и да направи добар резултат во Лигата на шампионите“.
„Овој тим ќе победува и наредната сезона, победничкиот круг не е завршен. Сакам да се заблагодарам на клубот што ми дозволи во изминатите години да работам со фантастични играчи“, изјави Алегри после натпреварот.
Кога во прашање е неговиот наследник се споменуваа разни имиња како Пеп Гвардиола, Маурицио Сари, Симоне Инзаги, Синиша Михајловиќ…Останува наредните денови/недели да покажат кој ќе биде новиот тренер на „старата дама“.