Италијанските медиуми повеќе немаат дилеми дека Лучијано Спалети ќе го напушти Интер и на негово место ќе седне Антонио Конте, оваа работа во медиумите се истакнува како завршена.
Антонио Конте после отказот во Челзи минатата сезона е без ангажман. Италијанецот водеше судски спор со Челзи и бараше дополнителна оштета со тврдењето дека „сините“ му ја уништиле сезоната со тоа што го отпуштиле пред самиот почеток. Пред околу недела тој спор заврши и Конте доби оштета од дополнителни 10.5 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега Конте е слободен целосно да се посвети на новиот клуб, а тоа многу веројатно ќе биде Интер.
Медиумите на „Чизмата“ денес откриваат дека Интер во среда официјално ќе објави дека Конте ќе биде новиот тренер, а веќе во четврток ќе следи негово претставување пред медиумите.
Најавите се дека Конте во Интер ќе заработува 12 милиони евра по сезона
Ќе биде интересно да се види како Конте ќе се снајде во Интер откако претходно во Италија имаше голем успех како тренер на Јувентус кој е најголем ривал на „нероаѕуирите“.