Одлуката е конечна и нема да се промени!
Изгледа дека дури и ако Маурицио Сари остане во клубот нема да влијае на одлуката на Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот одлучил – Гонзало Игуаин се враќа во Јувентус. Неговата позајмица за која Челзи плати околу 20 милиони евра нема да биде продолжена и нема да биде откупен за 35.
И покрај тоа што ќе изгубат еден напаѓач, а поради забраната за трансфери не можат да му доведат замена во Челзи се сигурни дека Игуаин не е решение. Дојде во јануари и на 21 натпревар постигна пет гола, никако не успева да се навикне на ритамот во Премиер лигата и голем дел од навивачите сметаат дека Жиру заслужува шанса пред него.
На Французинот ќе му биде продолжен договорот на уште една година, поточно ќе биде активирана клазулата во договорот и тој би требало да биде прв напаѓач. Од позајмицата од Астон Вила ќе се врати Абрахам, клубот сака да го продаде и Батшуаи кој е на позајмица во Палас.
Од позајмените играчи ќе се врати и стоперот Курт Зума, како и талентираниот Нигериец Ола Аина кој е во Торино. Пулишиќ е купен, се очекува да биде задржан и Ковачиќ.
Враќањето на Игуаин е проблем за Јувентус со кој напаѓачот има договор на уште две години и заработува 7.5 милиони евра. „Старата дама“ ќе направи се за да му пронајде нов клуб во текот на летото.