Тимот на годината во англиската Премиер лига официјално ќе биде соопштен во петок, но Дејли Мејл денеска откри како ќе изгледа истиот.
Титулата за најдобар играч на сезоната ќе ја добие играчот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, откако во финалната пресметка го победи играчот на Сити, Рахим Стерлинг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нормално, и двајцата фудбалери се вклучени во идеалните 11. Здружението на професионални фудбалери гласаше, а најголемо изненадување претставува фактот што во екипата се најде Погба.
Ѕвездата на Јунајтед оваа сезона играше добро само месец дена, но тоа беше доволно да се најде во тимот на годината. За таа цел, во тимот не се најде играчот на Челси, Еден Азар и тоа е најголемо изненадување.
Само три тима имаат свои играчи во идеалниот тим, а Манчестер Јунајтед со Погба влезе покрај Сити и Ливерпул. Шест фудбалери има Сити, четири Црвените и еден Јунајтед.
Составот изгледа вака: Едерсон, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Лапорте, Робертсон, Погба, Фернандињо, Бернардо Силва, Стерлинг, Мане, Агуеро.
Да потсетиме, до крајот на сезоната во Премиер лигата остануваат уште три кола, а битка за титулата водат Сити и Ливерпул.