Дома Фудбал Англија Солскјер оптимистичен: Ајде да освоиме 15 бодови и да завршиме трети

Солскјер оптимистичен: Ајде да освоиме 15 бодови и да завршиме трети

До крајот на Премиер лигата не остана уште многу.

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер денес зборуваше на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот за викендот и најави дека за него можно е Јунајтед да биде помеѓу првите три екипи кога сезоната ќе заврши. За таа цел Норвежанецот порача дека потребни им се 15 бодови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во овој момент Манчестер Јунајтед е на шестата позиција на табелата во Премиер лигата со 61 освен бод. Трет е Челзи со 66, четврти е Тотенхем, додека Арсенал на петтата позција има 63 бода.

„Потребни ни се што повеќе бодови. Ако освоиме 15 бодови ќе бидеме помеѓу првите три тима, бидејќи се надеваме дека ќе го победиме Челзи. Ние сакаме да бидеме помеѓу најдобрите три екипи. Топ четири исто така е наша цел..Но, треба да тежнееме кон тоа да ги освоиме тие 15 бодови“, изјави Солскјер за британските медиуми.

„Но, сега сме фокусирани само на натпреварот со Вест Хем, не можеме да мислиме на останатите натпревари, одиме чекор по чекор“, додаде Норвежанецот.

Манчестер Јунајтед натпреварот против Вест Хем во рамките од 34-тото коло во Премиер лигата го игра утре во 18:30 часот на домашен терен.

„Црвените ѓаволи“ во тој натпревар влегуваат после поразите од Барселона во Лигата на шампионите и Вулверхемптон во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…