Оле Гунер Солскјер дојде како привремен тренер на кормилото на Манчестер Јунајтед, но со добрите резултати му го промени мислиењето на раководството.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Норвешкиот тренер денес потпиша тригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“, па веќе почнал да ја планира следната сезона.
Јасно е дека на „црвените ѓаволи“ им се потребни засилувања за да можат да бидат конкурентни за титулата, а сега се откриени и главните трансфер мети на Солскјер.
Приоритет ќе биде врвен централен дефанзивец, а англиските медиуми тврдат дека тоа најверојатно ќе биде Тоби Алдервајлед кој може да пристигне од Тотенхем за „само“ 25 милиони фунти.
Примарна трансфер цел е Џејдон Санчо, младиот фудбалер на Борусија Дортмунд кој оваа сезона докажа дека се работи за неверојатен потенцијал и играч кој би можел да биде една од најголемите ѕвезди во иднина.
Овој 18-годишен фудбалер веќе ја воодушеви Германија, но и Европа, па тешко дека „милионерите“ ќе можат да го задржат уште долго во своите редови.
Наводно „црвените ѓаволи“ веќе започнале преговори со неговиот агент и се спремни да понудат 80 милиони евра за неговиот потпис.
На „Олд Трафорд“ би можел да пристигне и Филипе Кутињо, фудбалерот на Барселона кој игра под сите очекувања оваа сезона на „Камп Ноу“, а сигурно дека ќе биде засилена и десната бековска позиција.