Оле Гунер Солскјер во декември дојде како привремено решение на клупата на Манчестер Јунајтед, но со своите квалитети и добрите резултати ги убеди челниците кои најверојатно ќе му понудат перманентен договор.
Англиските медиуми пренесуваат дека Солсјкер ќе биде носител на новиот проект на „Олд Трафорд“ и раководството ќе му даде одврзани раце за селекција на фудбалерит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед сака значително да се засили во летниот преоден рок со цел да создаде респектабилен тим кој ќе може да се бори за титулата во Премиер лигата.
За таа цел на неколку фудбалери ќе му биде покажана излезната врата, а медиумите на Островот денес ги открија и нивните имиња.
Прв на листата за заминување е Алексис Санчез. Најскапиот фудбалер во тимот не покажа ништо во изминатите 14 месеци откако пристигна на „Олд Трафорд“, а е најплатен фудбалер во Премиерлигата.
Во одбраната ќе заминат Матео Дармијан, Маркос Рохо и Антонио Валенсија, па се очекува пристигнување на нивни замени наредното лето.
Од „Олд Трафорд“ се очекува да замине и шпанскиот фудбалер Хуан Мата, на кој му завршува договорот, а речиси сигурно дресот на Јунајтед во наредната сезона нема да го носи и младиот Тимоти Фосу-Менсах.