Дома Фудбал Англија Солскјер за елиминацијата: Најлошиот натпревар од кога сум тука

Солскјер за елиминацијата: Најлошиот натпревар од кога сум тука

Вулверхемптон вчера го изненади Манчестер Јунајтед и го елиминираше од ФА Купот.

Вулвс ги победи „црвените ѓаволи“ со 2:1 во натпреварот кој беше одлучен во последните 20 минути. Треба да се истакне дека само благодарение на голманот Серхио Ромеро Манчестер Јунајтед не доживеа поубедлив пораз. Тимот на Оле Гунар Солскјер изгледаше непрепознатливо во однос на претходните натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвежанецот секако беше разочаран од елиминацијата и порача дека е фрустриран од изданието на неговите фудбалери. Солскјер потенцираше дека ова бил најлошиот натпревар од кога е тој во клубот.

„На полувремето разговаравме дека Ромеро не спаси, требаше да бидеме повеќе активни, повеќе да додаваме и повеќе да трчаме. И во вториот дел Ромеро имаше неколку одлични натпревари, тој беше навистина одличен. Со овој пораз направивме еден голем чекор наназад. Дефинитивно ова е најлошиот натпревар од кога сум во клубот. Сметам и дека лошо е што сега доаѓа интернационалната пауза, некогаш е многу подобро да играте побрзо и брзо да ги поправите работите“, изјави Солскјер.

Сепак, може да се каже и дека оваа елиминација на Манчестер Јунајтед од ФА Купот од една страна е и добра работа поради борбата која им преостанува до крајот на сезоната во Премиер лигата. Освен тоа не треба да се заборави и дека „ѓаволите“ ги очекува четвртфинале во Лигата на шампионите против Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…