Вчера на големо изненадување Зинедин Зидан и официјално се врати на кормилото на Реал Мадрид, само десет месеци откако го напушти „кралскиот“ клуб.
После неуспешната сезона на „кралевите“ јасно е дека на лето ќе има реконструкција на тимот, а шпанските медиуми тврдат дека Зидан ќе добие одврзани раце кога се трансферите во прашање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После враќањето на Французинот на кормилото на Реал Мадрид, веднаш се актуелизираше трансферот на Еден Азар, кој отворено потврди дека сака да соработува со Французинот.
Сепак новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скира, открива дека прва трансфер цел на Зидан ќе биде неговиот сонародник Нголо Канте.
Zinedine #Zidane has signed a contract until 2022 with #RealMadrid (€16M at year). He wants as the first purchase N’Golo #Kante from #Chelsea. #transfers #CFC
— Nicolò Schira (@NicoSchira) March 11, 2019
27-годишниот Канте важи за еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска, иако оваа сезона не се снајдува баш најдобро во формацијата на Маурицио Сари.
Канте одигра многу важна улога во освојувањето на титулите на Лестер и Челзи во Премиер лигата, како и светската титула на Франција.
Зидан смета дека Канте ќе биде идеално засилување за неговиот тим кое ќе му донесе баланс на средината од теренот и нема да жали пари за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
Французинот неодамна го продолжи договорот со Челзи до 2022 година, па „кралевите“ сигурно ќе треба добро да го одврзат кесето доколку го сакаат неговиот потпис.