Луд натпревар со многу контроверзии вчера одиграа Реал Ваљадолид и Реал Мадрид (1:4) во 27-то коло од Ла Лига.
Домаќинот во првото полувреме не реализираше и постигнаа два гола кои не беа признати можеме да кажеме и дека со право, меѓутоа од крајот на првиот дел сепак успеаа да постигнат гол за предност преку Тухами. Меѓутоа „кралевите“ направија пресврт и запишаа победа од 1:4.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најбизарниот момент од овој натпревар се случи во 14-тата минута кога Серхио Гвардиола ја победи мрежата на Куртоа. Тогаш главниот судија Хесус Гил го поништи погодокот поради офсајд кој навистина го имаше. Во моментот кога топката беше испратена кон Кека тој беше во офсајд, а во продолжение одлично го пронајде Гваридола на спротивната статива.
Главниот судија на натпреварот оправдано го поништи голот, но неверојатна ситуација се случи кога на помош ја побара ВАР собата – таму немаше никој!
Баш никој. Освен судијата и публиката на стадионот уште стотина милиони гледачи во телевизискиот пренос можеа да видат дека ВАР собата е празна и како екраните и светлата се исклучени.
Spanish TV cut to the VAR room during @realvalladolid vs @realmadrid and there was legit no one in there ??#VAR #LaLiga #RealMadrid pic.twitter.com/xa9Dj1hUQy
— Mohamad Zubair Khan (@TheZubairKhan_) March 10, 2019
Сеедно, Гил го поништи голот и таа одлука му беше добра, можеме само да замислиме каков скандал ќе настанеше ако одлуката му беше погрешна.
Подоцна Шпанскиот фудбалски сојуз излезе со објаснување за оваа контроверзна ситуација.
Имено, на секој стадион во Шпанија има неколку ВАР соби во кои се анализираат спорните ситуации. Грешка направил режисерот на преносот од Ваљадолид кој кога Хесус Гил побарал помош од ВАР, камерата ја покажала празната ВАР соба место онаа каде што биле судиите кои се задолжени да го следат натпреварот.