Тренерот на Манчестер Јунајетд, Оле Гунер Солскјер пред големото дерби против Ливерпул изјави дека неговиот тим секако ќе оди на победа.
Бодовите се важни за двата тима, што е предлуслов за одличен натпревар, а Солскјер тврди дека Јунајед на „Олд Трафорд“ секогаш треба да оди на победа без разлика на противникот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е важен натпревар за нив, ова е важен натпревар и за нас. Сакаме да влеземе во топ 4. Играме со Ливерпул и знаеме колку е значаен овој меч за сите во клубот и за навивачите. Знаеме дека не очекува тежок натпревар. Тие играат неверојатно оваа сезона. Но, тие знаат дека играњето на „Олд Трафорд” е тешко. Сакам да играме подобро од средбата со ПСЖ. Треба да се извлечеме поуки од тој пораз и да останеме фокусирани во текот на целиот натпревар“, истакна Солскјер и додаде:
„Во недела против Ливерпул одиме на победа. Знаеме дека може да го реализираме тоа. Не треба посебен мотив кога играте против Ливерпул, без разлика дали тој тим се наоѓа на чело на табелата или последен. Ова е најголемото дерби во Англија“.
Солскјер потоа се осврна на битката за титулата и го кажа својот фаворит.
„Не сум премногу фокусиран на другите тимови и на нивни желби и амбиции. Конкретно сум фокусиран на она што ние сакаме да го направиме до крајот на сезоната. Факт е дека шампионската трка се сведе на три тим, а мојот фокус е четвртата позиција. Ако веќе директно ме прашувате кој сакам да биде шампион, иако не сакам премногу да се мешам во тоа, тогаш би рекол Тотенхем“, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“.