Дома Фудбал Англија Ново признание за Солскјер: Прво за еден тренер на Јунајтед уште од Сер Алекс!

Ново признание за Солскјер: Прво за еден тренер на Јунајтед уште од Сер Алекс!

Норважанецот ужива во големиот успех на стартот од неговата тренерска кариера на „Олд Трафорд“.

Оле Гунар Солскјер кон средината на декември го превзема Манчестер Јунајтед и се уште не знае за пораз. Во десет натпревари има само едно реми (Барнли 2:2) и девет победи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Солскјер го сруши рекордот на Мет Басби по бројот на врзани победи на стартот од кариерата во Јунајтед, а сега доби и признание од Премиер лигата.

Имено, Солскјер е прогласен за тренер на месецот во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед во јануари има три победи и едно реми.

„Ѓаволите“ славеа пртоив Њукасл, Тотенхем и Брајтон и ремизираа против Барнли.

Интересно е што норвешкиот стратег е првиот тренер на Манчестер Јунајтед кој ја добил наградата за тренер на месецот уште од Сер Алекс Фергусон.

Дејвид Мојс, Ван Гал и Мурињо не успеваа да стигнат до ова признание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Диого Жота (28), крилен напаѓач на Ливерпул и член на репрезентацијата на Португалија, тра…