Дома Трансфер зона Бејл се уште „држи“ цена: Ако оваа сума ја понудат Манчестер Јунајтед или Челзи – Реал нема да ја одбие

Бејл се уште „држи“ цена: Ако оваа сума ја понудат Манчестер Јунајтед или Челзи – Реал нема да ја одбие

Шпански „Дон Балон“ денес пренесува сензационала вест.

Според нивните информации Манчестер Јунајтед е спремен да плати 100 милиони евра за Герет Бејл во следниот преоден рок.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Клубот од „Олд Трафорд“ има намера конечно да ја исполни долгогодишната желба и да го доведе Бејл кого го сакаше уште додека беше член на Тотенхем.

Бејл не е задоволен во Мадрид и е далеку од вистинската форма, а за дополнителни проблеми во неговото останување му прави одличната форма на Винисус Жуниор и најавеното доаѓање на Еден Азар.

Меѓутоа Јунајтед не е единствен кој го сака Бејл. Челзи би можел како замена за Азар да тргне токму по Бејл.

Можеби и поради тоа (потенцијалниот трансфер на Азар) поголеми шанси им се даваат на „сините“. Како и да е ако информациите на „Дон Балон“ се точни Бејл нема да го напушти Мадрид за сума под 100 милиони евра, што секако е одлично гледајќи го неговиот статус во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо ново, скапото засилување на Челзи сака да си оди

Челзи веќе неколку трансфер периоди по ред троши огромни средства за скапи засилувања, но …