Дома Актуелно Новиот Чави го прегази најдобриот играч во светот: Артур играше, Модриќ беше негова сенка!

Новиот Чави го прегази најдобриот играч во светот: Артур играше, Модриќ беше негова сенка!

Артур Мело, младиот 22 годишен играч за врска за кого Барса изминатото лето му плати на Гремио 31 милион евра и го доведе како наследник на Чави беше најдобриот играч во „Ел Класико“ во првиот полуфинален натпревар од шпанскиот куп против Реал Мадрид (1:1).

Сите шпански медиуми во извештаите од натпреварот го истакнуваат она што беше забележително во текот на натпреварот


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Новиот Чави го прегази Модриќ, целата игра му се сведуваше на тоа да го брка Артур и тоа во поголемиот го правеше безуспешно, секогаш беше чекор поназад“, стои во пишувањето на „Марка“.

Покрај тоа се додава: „Кога тој ја има топката, Барселона е сигурна дека никој нема да ја земе. Ја контроирале играта, додава ритам и го менува“.

На сето тоа се истакнуваат и неговите вештини во одземањето на топката.

„Ова не му беше прв одличен натпревар во последно време и затоа практично е најдобар играч на Барселона. Меси не играше од почетокот, па Артур превзема одговорностт, играше хоризонтално или вертикално, како и да беше потребно. Невозможно му е да се одземе топката. Накратко кажано прави се она што не го може неговиот пет пати поскап сонародник Кутињо“, ги споредува „Марка“ двајцата Бразилци.

„Артур играше фудбал, а Модриќ правеше валкани работи“, пишува каталонскиот Мундо Депортиво.

„Артур го натера Модриќ да се обидува да го запре со жестоки прекршоци. Модриќ мораше да игра повеќе агресивно отколку што сме навикнати да го гледаме. Во првото полувреме во еден дел Хрватот и успеваше, но во второто целосно потфрли и секогаш беше зад Бразилецот кој наметнвуаше силен ритам на својот тим“, додаваат Каталонците.

Требаше тоа да биде Кутињо, но изгледа Артур Мело е вистинскиот наследник на маестро Чави.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

ВИДЕО Погледнете ја мајсторијата на Чалханоглу против Црвена Звезда

Интер ја победи Црвена Звезда со 4:0 во Милано во натпреварот од второто коло во Лигата на…