Дома Фудбал Англија Иднината на Солскјер може да биде решена и порано – ова е условот!

Иднината на Солскјер може да биде решена и порано – ова е условот!

Навивачите се надеваат на вакво сценарио.

Манчестер Јунајтед е целосно поинаков тим од кога на клупата пристигна Оле Гунар Солскјер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Легендарниот Норвежанец победи на првите осум натпревари, единствено испушти бодови против Барнли (2:2).

Навивачите на „црвените ѓаволи“ се воодушевени и сакаат Солскјер да остане подолго време, а може да се случи управата на Јунајтед да ја реши неговата иднина уште пред завршувањето на сезоната.

Тоа би се случило под еден услов – ако Манчестер Јунајтед го елиминира ПСЖ во Лигата на шампионите што секако нема да им биде лесна задача и покрај повредата на Нејмар.

Управата на клубот наводно смета дека така би им покажале на навивачите дека тимот може да конкурира за сите трофеи наредната сезона бидејќи оваа во Премиер лигата скоро и да е изгубена поради лошиот старт на Мурињо и целта е да се биде помеѓу првите четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан веќе бара наследник на Мењан, во игра се две имиња!

Милан веќе ги разгледува можните замени за голманот Мајк Мењан кој би можел да го напушти …