Дома Фудбал Англија Солскјер сега е време да се покажеш: Манчестер Јунајтед го очекуваат три супер тешки натпревари во 12 дена!

Солскјер сега е време да се покажеш: Манчестер Јунајтед го очекуваат три супер тешки натпревари во 12 дена!

Оле Гунар Солскјер одлично започна на клупата на Манчестер Јунајтед и во девет натпревари има осум победи и едно реми, па многумина сметаат дека треба да добие долгогодишен договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Судбината на Солскјер многу ќе зависи од наредните 12 дена во кој Манчестер Јунајтед ќе има три супер тешки натпревари против ПСЖ, Челзи и Ливерпул.

Прво ќе се сретнат со францускиот шампион во Лигата на шампионите, потоа ќе играат против тимот на Сари во Фа Купот, а на крај на „Олд Трафорд“ ќе го пречекаат Ливерпул.

Солскјер порача дека за него поважно е клубот да брка трофеј до крајот на сезоната отколку место помеѓу првите четири екипи во Премиер лигата.

После овој тежок распоред Јунајтед го очекува натпревари против Кристал Палас и Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…