Начинот на кој Жозе Мурињо им одговори на навивачите на Јувентус на провокациите е тема за која овие денови се пишува во медиумите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во текот на натпреварот, менаџерот на Манчестер Јунајтед се соочи со навреди негова сметка, но и на Интер клубот со кој Мурињо освои се што можеше да се освои.
Мурињо за време на натпреварот немаше реакција, но после натпреварот одлучи да им возврати на провокациите, па влета на теренот и насмевка на лицето направи гестикулација со која сакаше да им порача: Не ве слушам…
Следуваа секако реакции, се јавуваа Невил, Сколс, а новинарите сакаа да слушнат коментар и од тренерот на Наполи, Карло Анчелоти.
Одговорот на Италијанецот беше навистина интересен бидејќи го „ископира“ Мурињо.