Поранешниот УФЦ шампион Конор Мекгрегор изгледа арогантно, но неговата љубовна приказна сигурно ќе натера да покажете почит.
Неодамна Конор беше поразен од Кабиб Нурмагомедов и се доби впечаток дека голем дел од јавноста го мрази поради неговиот настап пред борбата и навредите кон Дагестанецот, но Ирецот зад себе има поучна животна приказна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веројатно сите знаете дека во минатото Конор бил водинсталатер, дека живееле далеку од центарот на Даблин во мал изнајмен стан и месечно добивал по 188 евра, колку што добиваат невработените луѓе во Ирска.
Неговата најголема опсесија секогаш биле борбите, вредно тренираше и по малку се пробиваше кон врвот. Многу не веруваа во Конор, но не и неговата девојка Деа Давилен.
„Верував дека ќе бидам шампион и Деа исто така. Веруваше во мене. И покрај недостатокот на пари секогаш се трудеше да ми спреми нешто здраво да јадам, се трудеше да го одржам дневниот режим. Таа целосно се посвети на тоа. Враќајќи се дома после напорниот тренинг секогаш ми зборуваше: Конор, во ред е, го можеш ти тоа“, откри Ирецот.
Познатата изрека гласи: Зад успешниот маж стои жена. Но, ако зад себе имате жена каква што има Конор оваа изрека добива дополнителна тежина.