Јувентус доби казна да игра еден меч без публика на трибината „Курва Суд“ каде се најверните фанови поради расистички скандирања на мечот со Наполи.
Дисциплинскиот орган на Серија А денес ја соопшти казната со образложение дека навредите биле „јасно расистички“ против дефанзивецот на Наполи, Кулибали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скандирањата доаѓале од споменатата трибини „Курва Суд“ која ќе биде затворена за мечот против Џенова на 20 октомври.
Актуелниот шампион исто така ќе мора да плати казна од 10.000 евра, а Наполи исто така е казнет со 15.000 евра откако едне нивни навивач фрли со столче кон навивачите на Јуве.