Екипата на Јувентус вчера го победи Наполи со 3:1 на свој терен и така иако сме само седмо коло ја најави новата титула во Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Старата дама“ во овој момент има шест бода повеќе во однос на Наполи. Во текот на вчерашниот натпревар Карло Анчелоти добиваше навреди од трибините, а после натпреварот искусниот стратег знаеше како да им одговори.
„Таквите скандирања на навивачите на Јувентус не е ништо ново. Јас ќе се утешам со трофејот во Лигата на шампионите од 2003 година (Анчелоти со Милан го победи Јувентус во финалето)“, изјави Анчелоти на конференција после натпреварот.
https://www.youtube.com/watch?v=hwz6ibsSu1k
Треба да се потсети и дека еден дел од својата кариера, Анчелоти помина и на клупата на Јувентус (1999-2001).