Хрватскиот репрезентативец, Домагој Вида се најде во центарот на вниманието откако, заедно во Вукојевиќ, победата против Русија ја посвети на Украина.
Снимката која се прошири низ социјалните мрежи наиде на многубројни осуди, а најмалку им се допадна на Русите кои сметаа дека се работи за политичка провокација. Од друга страна, на Хрватите не им се допаѓа што на овој начин беспотребно се фрла дамка на големата победа и само ризикува санкција од ФИФА.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
А, таа по се судејќи ќе стигне на адресата на Вида, кому му се заканува суспензија од дури два натпревари и парична казна од минимални 5000 швајцарски франци.
„ФИФА истражува различни работи по натпреварот, како и потенцијалните докази. Ве молиме за трпение додека не ги собереме сите информации“, порачаа од ФИФА.
На тема на спорната снимка се огласи и самиот Вида, кој истакна дека не сакал никого да навреди и дека се работи за шега.
„Оваа победа е за Хрватска, а видеото со Вукојевиќ беше само шега. Имам многу пријатели во Украина уште од времето кога играв за Динамо Киев, па тоа го реков поради нив. Не знам зошто Русите се толку бесни, но јас ги сакам и повторно повторувам дека сето тоа беше шега. Не сакав никого да навредам“, истакна хрватскиот херој од Сочи.
Домагој Вида на снимката ги изговара зборовите „слава на Украина“, што е дел од украинската војска.