Дома Фудбал Останато 73-годишен Израелец стана најстариот професионален фудбалер!

73-годишен Израелец стана најстариот професионален фудбалер!

73-годишниот Израелец Исак Хајк стана највозразниот фудбалер кој играл во еден професионален натпревар.

Хајк, кој следната недела ќе наполни 74 години, го собори рекордот откако играше како голман во вчерашниот меч помеѓу Ирони Јехуда и Макаби Рамат.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ваквото постигнување на голманот кој е роден во Ирак беше официјално признато од страна на книгата за Гинисови рекорди.

„Спремен сум за уште еден натпревар“, се пошегува Хајк, кој имаше неколку добри одбрани, иако неговиот тим загуби со 5:1.

„Ова не е само причин за гордост за мене, но и за израелските спортисти во целост“, додаде Хајк, кој се преселил да живее во Израел кога имал само четири години.

Претходниот рекорд за најстар фудбалер го држеше Роберто Кармона од Уругвај, кој во 2015 година одигра професионален меч со тимот на Асукар на 53-годишна возраст.

Семејството Хајк е меѓу десетиците илјади Евреи од Ирак кои избегале во Израел во среднината на 20-от век.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Турскиот голман одбрани три пенали против тимот на Рома во само три минути (ВИДЕО)

Голманот на Лил, Берке Озер, направи вистински подвиг за помнење во второто коло од Лигата…