Дома Фудбал 40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфиналето го елиминираше домаќинот Германија со 2:1 по пресврт, а епитетот на херој на натпреварот му припадна на ветеранот Кристијано Роналдо.

Германците поведоа на стадионот во Минхен со гол на младата ѕвезда Флоријан Вирц во 48. минута.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Сепак, 15 минути подоцна Португалија изедначи со прекрасен гол на резервистот Франсиско Консейсао.

Веќе во 68. минута, најстариот играч на теренот покажа зошто е еден од најголемите во историјата на оваа игра.

Во контранапад на Португалија, Нуну Мендеш му додаде на Роналдо, а овој по 137. пат беше стрелец за својата репрезентација.

Германија ниту во четвртиот обид не успеа да стаса до финалето во Лигата на нации, додека Португалија ќе има можност да стане првиот тим со два трофеи во ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галатасарај го победи Ливерпул

Галатасарај оствари победа со 1:0 против Ливерпул во натпревар од второто коло на Лигата н…