Tимот на Њукасл остана без својот прв голман Ник Поуп, па во јануари сака да доведе негова замена.
Оваа повреда всушност е обновување на истата која ја имаше во 2018 година и поради која мораше да паузира половина година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите изборот паднал на Давид Де Геа кој се уште е без ангажман откако замина од Манчестер Јунајтед.
„Чавките“ веќе започнале преговори со агентот на Шпанецот и се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања.
Де Геа е слободен агент и иако има многу понуди, тој е спремен да се врати во Премиер лигата.
💣💥🇪🇸 Newcastle United are set to start talks again to sign free-agent goalkeeper David De Gea.⚫#NUFC https://t.co/BQhlgoFO3j pic.twitter.com/kdj4dOF0Bj
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) December 28, 2023