Дома Фудбал Англија 33 години од една од најголемите трагедии во фудбалот – Ливерпул се сеќава на жртвите во „Хилсборо“

33 години од една од најголемите трагедии во фудбалот – Ливерпул се сеќава на жртвите во „Хилсборо“

На денешен ден, 15 април 1989 на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд загинаа 97 навивачи, а најмладата жртва имаше само 10 години.

„Хилсбороу“ и до денес e најголемата несреќа во историјата на британскиот спорт и една од најголемите спортски трагедии во светот. Ливерпул играше полуфинале од ФА Купот против Нотингем Форес. Англискиот сојуз го избра неутралниот стадион „Хилсборо“, но за голема жалост се заврши трагично, 96 навивачи ги изгубија своите животи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Несреќните навивачи останаа буквално прегазени на оградата на преполниот стадион кој имаше капацитет од 39.000 гледачи, но поради грешка на полицијата и сигурносните служби присуствуваа повеќе од 54.000.

Како една од главните причини за несреќата се наведува одлуката на обезбедувањето да се отвори заштитната ограда на трибината „Leppings Lane End“ со цел да се намали притисок. Тоа беше кобен потег по кој настана страшно стампедо.

Градот Ливерпул ќе биде во молк, едноставно ќе застане. Сите знамиња ќе бида на пола копје, точно во 16.06 часот точно 97 пати звоната на Градската куќа ќе заѕвонат, додека граѓаните на овој град со едноминутно молчење ќе и одадат чест за загинатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар ја продолжи соработката со својот главен спонзор!

Вардар и оваа сезона ќе ја има поддршката од својот главен сојузник, „Новоматик“, кој ќе п…