Дома Македонски спорт 30,000 долари помош од МОК за враќање на спортот во поплавените подрачја

30,000 долари помош од МОК за враќање на спортот во поплавените подрачја

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски во директни разговори и преговори со Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) г-дин Томас Бах, обезбеди 30.000 долари за реновирање на поплавените спортски објекти на територијата на општина Гази Баба.

Финансиските средства ќе бидат наменети за санирање на штетите и реновирање на оштетените спортски објекти кои беа погодени на подрачјето на град Скопје, поточно Општината Гази Баба за време на катастрофалните поплави во месец август оваа година. Во координација со Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Тони Трајковски се очекува градежните работи набрзо да започнат, а договореното да биде реализирано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…