Дома Фудбал Италија Кулибали мета на расистички навреди: Ме викаа мајмун од трибините

Кулибали мета на расистички навреди: Ме викаа мајмун од трибините

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали изјави дека расистички бил навредуван од трибините за време на гостувањето кај Фиорентина.

Дел од домашните навивачи расистички го навредуваше Кулибали, за време на дуелот со Фиорентина кој го доби Наполи со 1:2.

„Ме викаа мајмун. Овие момци немаат никаква врска со спортот. Мора да се идентификуваат и да се држат подалеку од стадионите, засекогаш“, изјави Сенегалецот.

Кулибали не бил единствен фудбалер на Наполи кој бил расистички навредуван. Мета биле уште и Ангуиса и Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …