Дома Трансфер зона Милан и Јувентус спремаат голема трампа

Милан и Јувентус спремаат голема трампа

Милан и Јувентус во последните години имаат одлична соработка, а италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба работат на нова зделка во моментов.

Имено, Милан и Јувентус на лето би можеле да договорат трампа, така што Ромањоли да се пресели во Торино, а „росонерите“ да го добијат потписот на Бернардески.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ромањоли на лето влегува во последната година од договорот и двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.

Слична е ситуацијата и со Бернардески, кој го загуби местото во првиот тим и е спремен да ја промени средината.

„Калчомеркато“ тврди дека двата клуба можат да направат трампа и веќе нивните агенти работат на тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…