Дома Фудбал Англија 23 годишник стана сопственик на шесткратниот англиски шампион

23 годишник стана сопственик на шесткратниот англиски шампион

Поранешниот англиски шампион, а сега член на третиот ранг во англискиот фудбал, Сандерленд доби нов сопственик.

Нов сопствник на Сандерленд е 23 годишниот Кајрли Луис-Дрејфус кој стана најмладиот претседател на некој клуб во англискиот фудбал. Младиот Французин го превзема најголемиот пакет акции, додека досегашниот сопственик Стујарт Доналд ќе задржи помал дел од акциите.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кајрли е син на порнаешниот сопственик на Марсеј Роберт Луис-Дрејфус кој почина во 2009 година.

Сандерленд е клуб кој шест пати беше англиски шампион, но последен пат во 1936 година, додека два пати го освојуваше ФА Купот, последниот во 1973. Од Премиер лигата испадна во 2017 година, а во овој момент е во Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…