Голем проблем со депресија има 19-годишниот фудбалски бисер Мохамед Ихатарен, кој е еден од најголемите таленти во Европа.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ихатарен важи за еден од најголемите таленти во светот, тој минатото лето пристигна во Јувентус од ПСВ, а потоа беше испратен на позајмица во Сампдорија.




Сепак, играчот кој експлодираше во ПСВ и веќе одигра 74 натпревари, се бори со тешка депресија поради смртта на неговиот татко и размислува да стави крај на кариерата.




Јувентус и Сампдорија засега остануваат тивки по ова прашање, а веројатно најтешката задача ја има менаџерот Мино Раиола, кој сигурно ќе се обиде да го врати Ихатарен на фудбалските терени.