Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, добил изненадувачка понуда од францускиот шампион Пари Сент Жермен, пренесуваат француските медиуми.
„Светците“ ова лето сигурно ќе останат без капитенот Тиаго Силва, кој нема да го продолжи договорот, па бараат друга ѕвезда да го замени во одбраната.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Наводно, францускиот шампион е подготвен на Рамос да му ја даде и капитенската лента, но и огромна плата, па останува да видиме дали Шпанецот ќе прифати да се пресели во Париз.
33-годишниот Рамос на лето ќе влезе во последната година од договорот со Реал, а бидејќи нема најави за нов договор би можел да ја прифати понудата од ПСЖ.