Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за двајца млади холандски таленти, пренесуваат медиумите на Апенините.
Станува збор за 18-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, кој ги импресионираше сите оваа сезона со своите настапи, па постигна 10 гола и запиша 9 асистенции во 19 одиграни меча од почетокот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, но за неговиот потпис интерес покажуваат многу европски гиганти.
И покрај младата возраст тој демонстрира огромен потенцијал, па неговата цена секојдневно расте. Поради тоа Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сан Сиро“ уште во јануари.
Вториот играч е Дензел Думфрис од ПСВ. Станува збор за десен бек кој е одличен како во дефанзива, така и во офанзива. Оваа сезона одигра 22 меча во сите натпреварувања на кои постигна 4 гола и запиша 4 асистенции.
23-годишниот Холанѓанец има договор со ПСВ до 2023 година и неговата цена се движи помеѓу 10 и 15 милиони евра.