Дома Фудбал Италија Икарди: Време беше да одам во победнички тим!

Икарди: Време беше да одам во победнички тим!

Мауро Икарди во последниот ден од преодниот рок го напушти Интер и се пресели во Пари Сент Жермен на едногодишна позајмица.

Аргентинецот се уште не може да се помири од начинот на кој го напушти Интер, а со последната изјава дополнително ќе ги налути „нероаѕурите“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Мора да се покажете за клубот да реши да ве откупи. Бев седум години во Интер и сонот ми беше да играм во Лигата на шампионите. Сепак, ние не ги добивме посакуваните резултати. Всушност, не освоивме ништо. Останав, давав многу голови, но сега дојде време да се приклучам на победнички тим кој може да освојува титули“, истакна Икарди.

Икарди исто така ги коментираше шпекулациите дека Меси е причината за неговото неиграње во репрезентацијата.

„Играв со Меси, го знам од времето кога бев во академијата на Барселона пред многу години. Го знам и не верувам дека е вистина, ама не можам да ги спречам луѓето тоа да го кажуваат. Јас многу го ценам и се сомневам дека е вистина“, истакна Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…