Дома Топ вести „Мундо Депортиво“ тврди: Меси ја напушта Барселона

„Мундо Депортиво“ тврди: Меси ја напушта Барселона

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, кој секогаш е добро информиран за случувањата во Барселона, најави заминување на најголемата ѕвезда Лионел Меси.

Претседателот на клубот, Жосеп Марија Бартомеу оваа недела потврди дека Меси може да замине од Каталонија на крајот на сезоната бидејќи во договорот има клаузула дека е слободен да побара прекин кога ќе наполни 32 години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што поминува времето се погласни се шпекулациите дека Меси сепак ќе ја запушти Барса, а тоа го потврди и „Мундо Депортиво“.

Весникот тврди дека Меси наредното лето ќе се пресели во МЛС лигата. Станува збор за проект на чие чело стои легендарниот Дејвид Бекам.

Меси сериозно размислува да ја прифати понудата и да се пресели во новоформираниот клуб Интер Мајами и тоа заедно со Луис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…