Пеп Гвардиола во текот на летото ќе се обиде дополнително да ја засили екипата на Манчестер Сити.
„Граѓаните“ најавија засилувања на одредени позиции, а изгледа дека најмногу фудбалери ќе пристигнат во средниот ред. Еден од оние кои би можеле да го засилат актуелниот шампион на Англија е фудбалерот на Атлетико Мадрид Родри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола во Шпанецот гледа идеален наследник за Фернандињо, откако му пропадна обидот да го донесе Френки де Јонг од Ајакс, кој заврши во Барселона.
Овој 22-годишен фудбалер со одличните натпревари во дресот на Атлетико Мадрид го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Манчестер Сити е подготвен да ја плати клаузулата од 70 милиони евра која стои во неговиот договор.
Спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристајн во неколку наврати го гледал во живо Родри и исто така е убеден дека ќе биде идеално засилување за „граѓаните“.
Клубот веќе стапил во контакт со неговиот агент и се очекува наскоро двете страни да постигнат комплетен договор, а потоа Сити ќе ја активира откупната клаузула.
Manchester City are planning to make a move for defensive midfielder Rodri from Atlético Madrid and are prepared to meet his £60m release clause. (Source: Telegraph) pic.twitter.com/Zs0aWrxugC
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 8, 2019