Дома Македонски спорт Мак фудбал 14-годишен Македонец е пред трансфер во гигантот од Италија

14-годишен Македонец е пред трансфер во гигантот од Италија

14-годишниот капитен на македонската репрезентација до 15 години Иван Николов денеска летна со авион од Скопје за Италија, каде треба да потпише за гигантот Милан.

Младиот репрезентативец и досега беше „мета“ на повеќе странски клубови од Грција и Холандија. Дознаваме дека сега Иван Николов добил покана и авионски карти од „росонерите“ каде треба да потпише договор. Тој замина во Италија со својот менаџер. Инаку, Иван Николов, како капитен на репрезентацијата до 15 години, ги потврди своите вредности,како играч за врска, но знаеше и да постигнува голови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој е ученик и во Фудбалската академија на ФФМ. Непознато е дали Николов ќе го прекине школувањето во Академијата и ќе продолжи да тренира во Милано, ако го стави потписот за овој клуб, пишува Македонски спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…