Дома Трансфер зона 11 фудбалери на Јунајтед сакаат да си заминат поради Рагник?

11 фудбалери на Јунајтед сакаат да си заминат поради Рагник?

На Ралф Рагник може за брзо време да му стане јасно дека не е исто да се водат помали клубови и европски гиганти. За Германецот ова е прв предизвик во кој пред себе во соблекувалната има повеќе ѕвезди.

Манчестер Јунајтед не прикажува добри настапи под водство на Рагник, а во последното коло не само што беа поразени од Вулвс, туку беа и надиграни. Медиумите на Островот пишуваат дека Рагник има проблеми со контролата над соблекувалната.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, повикувајќи се извор близок на клубот „Мирор“ пишува дека дури 11 фудбалери не се задоволни и поради Рагник сакаат да го напуштат Јунајтед. Имињата на фудбалерите засега не се откриваат.

Ќе потсетиме, Рагник со Јунајтед потпиша договор до крајот на сезоната, потоа треба да дојде нов тренер, а тој да ја преземе улогата на советник во спортскиот сектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…