На Ралф Рагник може за брзо време да му стане јасно дека не е исто да се водат помали клубови и европски гиганти. За Германецот ова е прв предизвик во кој пред себе во соблекувалната има повеќе ѕвезди.
Манчестер Јунајтед не прикажува добри настапи под водство на Рагник, а во последното коло не само што беа поразени од Вулвс, туку беа и надиграни. Медиумите на Островот пишуваат дека Рагник има проблеми со контролата над соблекувалната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, повикувајќи се извор близок на клубот „Мирор“ пишува дека дури 11 фудбалери не се задоволни и поради Рагник сакаат да го напуштат Јунајтед. Имињата на фудбалерите засега не се откриваат.
Ќе потсетиме, Рагник со Јунајтед потпиша договор до крајот на сезоната, потоа треба да дојде нов тренер, а тој да ја преземе улогата на советник во спортскиот сектор.