Дома Фудбал Англија 100.000 фунти казна за Ливерпул – еве кое правило го прекрши

100.000 фунти казна за Ливерпул – еве кое правило го прекрши

Фудбалскиот клуб Ливерпул е казнет со 100.000 фунти парично и двегодишна забрана за потпишување на договори со млади фудбалери од други клубови. Клубот од „Енфилд“ призна дека ги прекршил правилата.

Ливерпул, во септември, минатата година се обидел да го донесе на „Енфилд“, 12-годишно момче од академијата на Стоук, пренесува BBC. Ливерпул договорил компензација, но Одборот на Премиерлигат го одбил барањето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Истрагата потоа утврдила дека Ливерпул имал разговори со момечето и неговите родители, што е забрането според правилата на Премиерлигата. Од клубот, исто така, понудиле да го плаќаат школувањето на 12-годишното момче, што исто така не е дозволено.

Правилата на Премиерлигата строго забрануваат тинејџери да бидат поттикнуваат да минуваат од клуб во клуб.

Според казната Ливерпул, во период од една година, нема да може да донесе ниту еден играч кој е регистриран во некоја академија од Премиерлигата или од системот EFL (втор, трет и четврти ранг на натпреварување). Втората година од суспензијата за клубот ќе биде условна,и ќе се однесува на период од три години.

Ливерпул нема да се жали на оваа одлука, бидејќи веднаш ја призна дека правилата биле прекршени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…