Дома Трансфер зона 10 милиони го делат Адејеми од Борусија Дортмунд

10 милиони го делат Адејеми од Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд и Салцбург се уште не можат да постигнат договор за трансфер на 20-годишниот Карим Адејеми, пренесува „Билд“.

Германскиот репрезентативец е прва трансферна цел на Борусија Дортмунд и веќе неколку месеци медиумите тврдат дека Адејеми се договорил со „милионерите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Адејеми сака кариерата да ја продолжи во Дортмунд, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 45 милиони евра, додека Борусија е спремна да плати максимум 35 милиони евра.

„Билд“ пренесува дека преговорите помеѓу двата клуба немаат прогрес веќе неколку недели и моментално преговорите се во застој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…