Џо Кол одсекогаш припаѓал на онаа група фудбалери т.н „вечни таленти“ кои никогаш не го исполниле својот потенцијал.
Најголемиот дел од својата кариера го помина во Челси каде што соработуваше со Жозе Мурињо. Познато е дека Мурињо кога некој играч не го сака тука е крајот за него (тоа го знае најдобро Икер Касиљас), но кога со некој фудбалер ќе развие посебна врска таа е нераскинлива.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од оние фудбалери кои кај Португалецот имаше посебен статус е Френк Лампард.
Сега Џо Кол за англиските медуими зборуваше за односот на „Специјалниот“ со Френк Лампрд.
„Од моментот кога дојде се чуствуваше дека ќе го подигне клубот на едно повисоко ниво. Од првата секунда „ме купи“. Имаше моменти кога бев бесен на на него, но сега од оваа преспектива јасно ми е зошто тоа го правеше“, започна Кол:
„Знаеше како да го извлече најдобро од мене. Знаеше да ме остави на клупа и стави 20 минути во игра, а исто така за тие 20 минути да го извлече најдоброто. Тој на конференциите не критикуваше, тој комуницираше со нас преку истите. Знаеше да го пофали играчот на истите. Се сеќавам во една прилика кажа дека е Френк најдобар играч за врска во светот. Френк беше вистински „војник“ на теренот, но мислам дека не знаеше колку навистина е добар. Токму таа изјава на Мурињо придонесе Лампард да биде уште подобар. Подоцна тој прерарсна во еден вистински лидер на својата генереција. Жозе точно знае како да комуницира со секого“, заврши Кол.