Дома Останати Кошарка НБА „Џордан денес во НБА без проблем би постигнувал 50-60 поени по натпревар“

„Џордан денес во НБА без проблем би постигнувал 50-60 поени по натпревар“

Дејвид Фалк агентот кој во текот на кариерата го застапуваше Мајкл Џордан смета дека во денешната НБА тој би бил незапирлив.

Според него денешниот стил на игра и тоа како би му одговарал на Џордан.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Денес се игра практично без одбрана, контактот со раце не е дозволен – во својот зенит и по денешните правила мислам дека Џордан би постигнувал помеѓу 50 и 60 поени по натпревар, верувам дека би имал шут 75%. Без контакт со рацете тешко дека некој би го запрел. Сега кога го гледам документаецот гледам дека никој кој го видел не помислил дека постоел друг играч на неговото ниво. Никој. Се надевам дека со документарецот ќе завршат и приказните кој е подобар – Џордан или Леброн. Мајкл е друго ниво!“, порача Фалк.

Џордан со Булсите освои шест титули, а најмногу поени во просек уфрлуваше 30.1, во плеј-офот 33.4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…