Дома Фудбал Англија Џон Тери се сели во Саудиска Арабија

Џон Тери се сели во Саудиска Арабија

Поранешниот капитен на Челзи и на англиската репрезентација, Џон Тери, е главен фаворит да седне на клупата на саудискиот Ал-Шабаб, објавија англиските медиуми.

Тери се решил да тргне по стапките на Стивен Џерард и да го преземе тимот кој не беше премногу активен во трансфер периодот.

Преговорите со Тери почнале пред два месеци, а 42-годишниот Англичанец веќе ги прифатил понудените услови за соработка и ќе потпише двегодишен договор.

Тоа ќе биде прво тренерско искуство за Тери, кој претходно работеше како помошник во Астон Вила и Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома повторно ќе тргне по Ендрик? Д’Амико проговори за јануарските планови

Спортскиот директор на Рома не потврди нов обид за Ендрик, но најави работа на засилувања …