Дома Фудбал Џерард само што пристигна во Саудиска Арабија, а веќе сака да ги донесе ѕвездите на Ливерпул и Челзи

Џерард само што пристигна во Саудиска Арабија, а веќе сака да ги донесе ѕвездите на Ливерпул и Челзи

Новиот тренер на фудбалскиот тим Ал Етифак, Стивен Џерард планира во клубот од Саудиска Арабија да ги доведе капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон и напаѓачот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг.

Џерард потпиша двегодишен договор со клубот од Саудиска Арабија, а пред Ал Етифак раководеше со Ренџерс и Астон Вила.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англискиот тренер сака да го ангажира Хендерсон, кој има договор со Ливерпул до јуни 2025 година, пишува „Дејли мејл“.

Обамејанг е член на Челзи од 2022 година, а претходно играше за Барселона, Арсенал, Борусија Дортмунд, Сент Етјен, Монако, Лил, Дижон и Милан.

Минатата сезона Ал Етифак го освои седмото место во шампионатот на Саудиска Арабија, а Џерард неодамна дојде на клупата на овој тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриена зошто не бил поништен голот на Лидс против Челси (Видео)

Во натпреварот на Премиер лигата помеѓу Челси и Лидс, Челси ја загуби предноста од два гол…