Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард реши да ја заврши кариерата откако неговиот Ла Галакси ја заврши сезoната, пренесуваат англиските медиуми.
Џерард има 36 години, а речиси целата своја кариера, ја мина во Ливерпул. Стиви Џи како капитен ги предводеше „црвените“ цели 12 години. За Ливерпул одигра 710 натпревари и постигна 186 голови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џерард со Ливерпул во 2005 година ја освои Лигата на шампионите, вкупно со тимот од „Енфилд“ освои осум трофеи, но не и Премиерлигата. За англиската репрезентација запиша 114 настапи со 21 постигнат гол.
Последните два сезони Џерард ги мина во ЛА Галакси, тој за овој тим одигра 38 натпревари и постигна пет гола, а последниот е против некогашниот ривал од Евертон, голманот Тим Хауард.