Дома Фудбал Англија Џерард за ситуацијата со коронавирусот: Се плашам да погледнам во телефон

Џерард за ситуацијата со коронавирусот: Се плашам да погледнам во телефон

Meнаџерот на Астон Вила Стивен Џерард изјави дека во овој момент го има целиот тим на располагање, но свесен е дека тоа може да се промени во секој момент.

Голем број фудбалери и лица од стручни штабови во Премиер лигата се заразени со коронавирусот и поради одложени се дури пет натпревари кои требаше да се играат за викендот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во тек се разговори со Премиер лигата. Во овој момент спремни сме да играме, секако ситуацијата е деликатна, ги чекаме резултатите од ПЦР тестовите, до сега се беше во ред. Мораме да веруваме во луѓето кои ги носат одлуките. Морам да го припремам најдобриот тим кој што можам“.

Англиските медиуми пишуваат дека може да дојде и до прекин на сезоната.

„Сите сакаме натпреварувањето да продолжи. Премиер лигата закажа состанок. Постои и можност капитените да се сретнат. Тестирање се прави секојдневно, ПЦР два пати неделно. Сега се е во ред, но всушност се плашам да погледнам во телефон затоа што секој повик може да биде од доктор кој сака да ми јави дека ситуацијата се променила“, изјави Џерард.

За викендот Астон Вила би требало да игра против Барнли во сабота од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…