Дома Фудбал Лига на шампиони Џерард ги мотивира Црвените: Финалистите не се паметат

Џерард ги мотивира Црвените: Финалистите не се паметат

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард истакна дека играчите на Јирген Клоп мора да имаат самодоверба и да веруваат дека можат да победат во финалето, бидејќи само така можат против Реал Мадрид.

Последниот трофеј во најелитното фудбалско натпреварување Црвените од Енфилд го освоија во 2005. година, кога Стиви Џи го носеше црвениот дрес и беше капитен на екипата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Овие играчи ја имаат приликата да ја променат не само кариерата, туку и животот воопшто. Ова е момент за кој се сонува.“ – порача Џерард и додаде:

„Мојата порака е да идат и да го зграбат тој момент, да уживаат во она за што се изборија и работеа напорно. Да се наградат себеси за патот по кој го поведоа овој клуб.“

Противник во финалето ќе им биде Реал Мадрид, кој ќе се обиде да направи хет-трик во ова натпреварување.

„Потребно е да веруваат и да имаат самодоверба бидејќи стигнаа толку далеку. Треба да го издржат притисокот кој го носи дресот на Ливерпул. Сите ќе ги пофалат што дојдоа до финалето, но нема многу луѓе да ги паметат ако не ја освојат титулата.“

Натпреварот за титулата европски клубски првак е на програмата на 26. мај во Киев.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сериозен удар за Хрватска пред двата натпревара во квалификациите за СП

Хрватската фудбалска репрезентација ја очекуваат два натпревара од квалификациите за Светс…