После победата на Ренџерс во дербито против Селтик изгледа амбициите на овој клуб пораснаа.
Глазгов Ренџерс славеа во последното дерби против големиот ривал и така се изедначи по бројот на бодови на врвот на табелата со големиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полека станува јасно дека Ренџерс и Селтик повторно ќе водат борба за титулата во Шкотска, но се добива впечаток дека избраниците на Стивен Џерард и тоа во неговата прва сезона на тренерската клупа би можеле да ја прекината доминацијата на Селтик.
За таа цел тие се решени и да се засилат во јануари, а наскоро во нивните редови би можел да пристигне легендарниот напаѓач, Џермејен Дефо.
Дефо во овој момент го носи дресот на Бурнемоут, но управата му даде зелено светло за промена на клубот и доколку тој се одлучи на таков потег нема да му стојат на патот.
Оваа сезона Дефо четири пати влегуваше од клупата за резерви во Премиер лигата, а стартуваше само во Лига Купот.
Искусниот напаѓач во текот на кариерата во ПЛ настапуваше уште за Тотенхем, Вест Хем, Портсмунт и Сандерленд. Поради тоа овој човек дефинитивно има статус на легенда на Островот.
Заминување од татковината не би му било прв пат бидејќи краток период ги бранеше боите и на Торонто во МЛС лигата.
Rangers are the front-runners to sign #AFCB striker Jermain Defoe https://t.co/8cQrDDEjue
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) January 2, 2019